Роденденско пиротехничко шоу на Сити Парк Бојс

Кошаркарите на Работнички ги срозија Струмичани со 51 поен разлика, а нивната најверна сенка истовремено направи луда роденденска атмосфера по повод 20 години од нивното постоење.

Навивачката група Сити Парк Бојс веќе две децении е составен дел од тимот од Градски Парк, каде на вчерашниот меч против Струмица на големо се славеше нивниот јубилеен 20-ти роденден.

Најверните фанови на Работнички приредија спектакуларно пиротехничко шоу со кое потсетија на старите убави времиња, а кошаркарите на крајот ги отпоздравија со аплаузи.

Сити Парк Бојс славењето го почнаа со кортео, а на нивниот миленик Марин Докузовски му подарија шал.

Што се однесува до резултатот, Работнички - Струмица 108-57.

фото: basketball.mk

23 декември 2017 - 23:20