Премиера на официјалното видео 30 години Комити Запад

Комити се формирани на 4 јуни 1987-ма, а на 4 јуни 2017-та РК Вардар се вивна највисоко на европското небо. Сезонава за нив е историска од многу причини. РК Вардар стана европски првак, ФК Вардар влезе во групи во ЛЕ. Додека нивниот клуб прославува 70 години постоење, тие имаат јубилеј од 30 години.

Најверната навивачка група на Вардар промовираше дел од нивното роденденско видео, а еден од нивните најстари членови, Милорад Миленковски - Мики зборува за јубилејот, страста за Вардар и сите весели мигови кои им се случија годинава.

23 ноември 2017 - 15:48