Навивачи дезинфицираа стадион од политичари

Навивачите на шпанскиот второлигаш Рајо Ваљекано кои важат за ултра левичари и чиј регион се прославил во борбата против армијата на Франко, по мечот со Албасете кој заврши 2:2, решиле да го дезинфицираат стадионот со разни средства.

Навивачите се решиле на овој потег поради тоа што натпреварот Рајо Ваљекано - Албасете го следеле двајца политичари од радикалната десничарска партија „Вокс“ која е трета по сила во шпанскиот Парламент.

На стадионот биле Сантиаго Абаскал и Рочо Монастерио, пратеници од „Вокс“.

Поради тоа што важат за огромни противници и жестоки критичари на политиките на десницата, навивачите на Рајо се решиле да „кречат“ низ дома:

За Рајо Ваљекано веќе неколку сезони брани нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевскикој бранеше на мечот против Албасете.По 36 одиграни кола, Рајо Ваљекано е на 6. место, последно кое води во исклучително важниот плејоф за пласман во Ла Лига. Ваљекано има 57 бода, два повеќе од првиот следбеник Жирона.

29 април 2021 - 09:22