Навивач на Рома украл дрес, а во полиција се вадел на Мурињо

Рома ќе игра европско финале по пауза од 31 година, а еуфоријата на навивачите драстично се засилува. Еден од што не можел да издржи, извршил кражба во фан шопот на клубот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека навивач на Рома украл дрес од продавницата на клубот која се наоѓа во центарот на Рим, но бил уапсен.

До колку само знаат Италијанците да полудат по фудбал, станува јасно од објаснувањето на навивачот кога го однеле во станица.

„Мурињо ме полудува, влеговме во финалето на Конференциската лига. Извинете, ама не можев да издржам“, рекол 29 годишниот навивач.

Португалскиот стратег кој во Италија остави голем белег со освојувањето на тројната круна со Интер, беше пречекан минатото лето во Рим со голема еуфорија од страна на навивачите на Рома.

За нив ова ќе биде прво европско финале по пауза од 31 година, откако во 1991-ва играа во Купот на УЕФА и загубија од Интер.

Практично ова им е трета прилика за меѓународен трофеј. Пораз во финале имаат и во Лига на шампиони од Ливерпул кога во 1984-та на Олимписко во Рим загубија на пенали.

Последниот трофеј Рома го освои во Купот на Италија пред 14 години.

Мурињо експлодираше од емоции за финалето во Конференциската лига

18 мај 2022 - 14:37