Грчки навивачи го сменија ставот за Косово

Нема коло на европските натпреварувања некоја навивачка група да не пењави со некои политични провокативни пароли, кои веќе станаа ултра здодевни и немаат никаква врска со фудбал. Србите се во шок поради изненадувачкиот банер во Атина.

Провокациите се, каде не, ако не во нашиот регион, овој пат на мечот меѓу АЕК Атина и Ајакс кој заврши без победник.

Домашните навивачи изненадија со сосема неочекувана парола на која стоеше „Косово е Албанија“.

За Србите ова е забивање нож во грб и мистерија, зошто и од каде сега оваа порака од Грците со кои се сметаат за браќа.

Српските медиуми пишуваат дека ова не е е дело на навивачи со албанско потекло и уште повеќе не им е јасно од каде оваа идеја, која би можело да предизвика нови тензии на навивачката сцена.

Србите и Грците имаат одлични односи низ историјата, а тоа АЕК го покажа на дело уште кога за време на бомбардирањата на НАТО во 1999-та, одигра пријателски натпревар против Партизан, без разлика што во Србија паѓаа бомби.

Mondo.rs потсетува дека во АЕК Атина еден од најголемите навивачи е Србинот Огњен Врањеш и дека моментално за тимот настапува Мијат Гачиновиќ. Пишува и за големиот број на српски фудбалери кои го носеле дресот на грчиот тим. 

Ова е всушност или пресвртница во ставовите на навивачите на АЕК или има некоја друга позадина. Пред само неколку години извадија парола „Fuck Albania“.

6 октомври 2023 - 08:47