Грандиозна прослава на 100 години ФК Железничар во Сараево

Во главниот град на Босна и Херцеговина минатиот викенд имаше неверојатна прослава на навивачите на фудбалскиот клуб Жељезничар кој наполни 100 години од основањето.

Празнувањето на големиот јубилеј почнал уште на ден пред мечот со Вележ Мостар (0:0). Кулминацијата беше пиротехничкото шоу дента на роденденот кога низ цел град светеле бакљи и огномети.

Пиро-шоуто почнало симбоилично во 21:00 часот зошто ФК Жељезничар е основан во 1921 година. Истовремено преку 350 огномети биле распалени на 7 километри низ Сараево а запалени биле и преку 500 бакљи.

Популарниот Жељо е најтрофеен клуб во Босна и Херцеговина. Основан е од железничари во Сараево и оттука и таквото име. Во Југославија Жељезничар еднаш бил шампион на државата (1971/1972), еднаш завршил втор (1970/1971) и еднаш играл во финале на Куп (1980/1981).

Најголемите успеси на Жељо во Европа се исто од тоа време: четвртфинале (1971/1972) и полуфинале (1984/1985) на Куп на УЕФА.

По распадот на некогашна СФРЈ и независноста на Босна и Херцеговина, клубот е далеку од некогашното ниво во Европа но скоро секоја година е на самиот врв во домашното првенство. Од распадот на СФРЈ до денес имаат 6 титули, 6 Купа и 3 Суперкупа на БиХ.

Клубот има и младинска академија низ која поминале многу познати фудбалери, а сигурно најголем е Един Џеко кој е дете на Жељезничар.

21 септември 2021 - 13:30