Реакцијата на Попович откако Дончиќ му ги помати сметките

Грег Попович најави дека планот пред дуелот Сан Антонио - Далас им е да го задржат Лука Дончиќ под 50 поени. Спарси загубија 126:125, со уште една нова мангупарија на Словенецот од слободни фрлања, кој мечот го заврши со 51 поен, 9 асистенции и 6 скока.

Дончиќ тргна да се поздрави со искусниот стратег, а реакцијата му е хит. 

На 1,5 секунди до крај, Дончиќ намерно го промаши слободното фрлање за да не им остави да имаат напад.

2 јануари 2023 - 10:47