Нема непотизам во НБА

НБА тимот Шарлот Бобкетс го отпушти својот играч Кори Хигинс. До тука нема ништо чудно во оваа вест. Проблемот е што отказот го потпиша неговиот татко, претседателот на клубот, Род Хигинс.

Род Хигинс има отпуштенот многу играчи за време на неговите 12 години како тренер и генерален менаџер во НБА лигата, но најчуден е неговиот последно потпишан отказ. Овој викенд претседателот на Бобкетс го отпушти неговиот син, Кори Хигинс.

Кога ќе донесеш одлука да потпишеш со својот син, знаеш дека ќе дојде и еден ваков ден", изјави претседателот на Бобкетс кој како причина за отпуштањето на неговиот син ја наведе потребата на клубот од повисоки играчи.

200 сантиметри високиот Кори Хигинс оваа и минатата сезона одигра 44 натпревари на кои имаше скромен учинок од 3,7 поени и 0,9 асистенции за во просек по 10,3 минути по натпревар.

Шарлот Бобкетс влегоа во лоша серија од 7 загубени натпревари и оваа сезона на вкупно 19 одиграни натпревари имаат 7 победи и 12 порази.

10 декември 2012 - 10:11