Пет енигми за НБА финалињата

Додека на сцена е вториот дел од актуелната сезона во НБА лигата, ќе се потсетиме на неколку работи кои не добиле доволно простор во етерот, а се важни за НБА манијаците.

Лејкерс одиграле пола од финалињата во НБА

Близу половина од финалните средби во историјата на НБА ги играл ЛА Лејкерс. Првото НБА финале се одиграло во 1947 година. Франшизата Лејкерс се преселила од Минеаполис во Лос Анџелес во 1960 година. Од 1947 па до денес, „езерџиите" играле 31 од вкупно 68 НБА финалиња. Тоа се високи 45% финални средби во историјата. Од 31 финалиња, Лејкерси освоиле 15 титули.

По Лејкерс, Бостон Селтикс е следна франшиза со најмногу финалиња, 21 во историјата.

Во '60-те години, Бостон освојуваше 8 титули по ред

Серијата од осум титули по ред е најдолгата серија во историјата на НБА финалињата. Предводени од легендарниот Бил Расел, Селтикс го освои секое првенство од 1959 до 1966 година. Нивната династија се смета за една од најголемите во сите американски спортови.

Многу франшизи никогаш не играле во финалето

- ЛА Клиперс ја игра 44. сезона во НБА, а никогаш не играл финале.

- Денвер Нагетс ја игра 38. сезона

- Минесота Тимбервулвс 25. сезона

- Бобкетс/Хорнетс 24. сезона

- Мемфис Гризлис 19. сезона

- Торонто Репторс 19. сезона

- Шарлот Хорнетс/Пеликанс 12. сезона.

Најголема гледаност НБА финалињата имаа во ерата на Џордан

Во 1998. година и финалната серија меѓу Чикаго и Јута ја гледало 18,7 одсто од вкупната светска популација. Булси тогаш ја победија Јута во шест натпревари.

11 репризи на финалиња

Овој податок е за тоа кога два тима ќе играат повеќе финалиња неколку години во низа. Последен пример за тоа е финалната серија меѓу Мајами Хит и Сан Антонио во 2013. и во 2014. година. Мамуизте доминираа на Западот а жешките на Истокот.

Најмногу меѓусебни финалиња одиграле Лејкерс и Бостон Селтикс, кои се сретнале четири сезони по ред во последниот натпревар.

Суштинското ДВД со петте титули на Чикаго Булс


Биковите издадоа ДВД сет со петте најголеми натпревари во нивната историја. Конференциското финале втор натпревар против Вориорс во 1975. година, против Њујорк Никс во 1995. година, шестиот натпревар против Јута Џез во 1998. година, првиот од шесте дуели против Бостон Селтикс во 2009. година, како и оној против Мајами Хит во 2011. година.