Новиот крал за тројки во НБА се вика Стефон Кари

Заборавете ги Реј Ален и Реџи Милер, новата историја со рекорден број на погодени тројки во НБА лигата ја испишува Стефон Кари. 2.974.

Моментот беше одбележан величествено со прекин на играта, овации од публиката, честитки од соиграчите, како и со аплаузи од самиот Реј Ален кој го држеше тронот со 2.973 тројки.

На Кари апсолутниот рекорд му успеа во 8-та минута и тоа во Медисон Сквер Гарден, каде на 27 февруари 2013-та, блесна со 11 тројки и вкупно 54 поени.

Кари има 33 години, подвигот го направи после 789 натпревари, а Ален на таа возраст имаше 1.918 тројки.

Инаку Голден Стејт го доби Њујорк со 105:96, а Кари постигна пет тројки.

Погледнете го прво историскиот момент.

Честитките од Ален

А потоа и овие страшни бројки. Рекордна сезона му е 2015/2016, кога успеал да постигне 402 тројки, за разлика од Реј Ален кој најмногу успеал стигнал 269 во една сезона.

Пред 7 години, Реџи Милер му правеше интервју токму на оваа тема

Во соблекувална беше делириум, а си доби и капче со бројот 2.974.

Инаку првата тројка ја постигна во 2009-та

Топ 20 најдобри тројкаши во историјата на НБА

 

15 декември 2021 - 08:18