Нова маестрална партија на Дончиќ кој повтори подвиг на Џордан од 86-та

Само три дена по феноменалниот трипл дабл од 41 поен, 11 скока и 14 асистенции против Бруклин Нетс, незапирливиот Лука на Орландо му даде 44 поени за победа од 114:105.

Лука Дончиќ од сезона во сезона остварува историски бројки во НБА лигата кои веќе не можат да се пофатат.

Со 44-те поени против Орландо Меџик, стана само втор играч кој успеал да постигне по минимум 30 поени после првите шест средби.

Првиот е Мајкл Џордан на кој тоа му успеа во 1986-та. Интересно и двајцата тоа го сториле на 23 години.

За Дончиќ овие 44 поени сезонава му се рекордни, а имаше и 3 скока и 5 асистенции. Сезонава е број 1 стрелец во НБА со неверојатни 36,7 поени по натпревар. 

31 октомври 2022 - 09:40