Монструозно забивање на Ентони Едвардс, има двајца повредени

Минесота Тимбервулфс ја доби Јута Џез со 114:104, а НБА го доби можеби најјакото забивање на сезоната или барем едно од најјаките. Ремек делото го режираше големата ѕвезда Ентони Едвардс кој ја заби брутално преку Џош Колинс. Страшен потег во стилот на Винс Картер.

Инаку на Едвардс му пружиле лекарска помош во соблекувална бидејќи го повредил прстот, а Колинс ја повредил главата и не ни влегол потоа во игра.

19 март 2024 - 08:46