Македонија доби лесна група за ЕП 2017

Македонската кошаркарска репрезентација ги доби противниците за квалификациите за Европското првенство кое се игра во Турција, Израел, Финска и Романија идната година.

Пласманот на нашето шесто учество на Еврошампионатите треба да биде лесно остварливо со оглед на тоа што за противници ги добивме Унгарија, Велика Британија и Луксембург.

Директно учество на ЕП 2017 обезбедуваат првопласираните селекции од седумте групи и најдобрите четири второпласирани. На тие што ќе завршат втори во групите нема да им се земаат предвид бодовите остварени со селекциите кои ќе завршат последни на табелата.

Квалификацискиот циклус е закажан за периодот помеѓу 31 август и 17 септември оваа година, а ќе се игра по шемата дома-гости.

Македонската кошаркарска репрезентација сè уште го нема назначено наследникот на Марјан Србиновски кој беше селектор на претходното Европско првенство на кое завршивме на 19 позиција.

Распоред на групите:

ГРУПА А: Белгија, Исланд, Швајцарија, Кипар

ГРУПА Б: Германија, Холандија, Австрија, Данска

ГРУПА Ц: Русија, БиХ, Шведска,

ГРУПА Д: Полска, Естонија, Белорусија, Португалија

ГРУПА Е: Словенија, Украина, Бугарија, Косово

ГРУПА Ф: Грузија, Црна Гора, Словачка, Албанија

ГРУПА Г: МАКЕДОНИЈА, Унгарија, В. Британија, Луксембург

22 јануари 2016 - 13:39