Готово е, Голден Стејт загуби

Кошаркарите на Голден Стејт го загубија првиот меч сезонава, а кобен повторно им беше Милвоки.

Изминатата ноќ во НБА заврши рекордната серија со победи на една франшиза, откако Вориорс загубија првпат после 24 победи. Актуелниот шампион се лизна во Милвоки 108:95. На Голден Стејт не им се најдоа одличните партии на Стеф Кари со 28 поени и Драјмонд Грин со 24 поени и 11 скокови.

Најзаслужен за историската победа на Милвоки е Антетокумпо со трипл-дабл учинок. Гркот со нигериско потекло имаше 11 кошеви, 12 скокови (сите дефанзивни) и 10 асистенции. Грег Монро со 28 поени и 11 скокови беше водечки стрелец кај Бакси. Милвоки сега има учинок 10 победи и 5 порази.

Ако се сметаат сите четири победи на Голден Стејт од лани, овој тим имаше серија од 28 победи. Најдолга беше онаа на ЛА Лејкерс од сезоната 1971/1972 која траеше неверојатни 33 натпревари без пораз. И нив им ја прекина Милвоки.

Топ 10 потези на вечерта:

 

Резултати:
Шарлот - Бостон 93:98
Детроит - Индијана 118:96
Атланта - Сан Антонио 78:103
Чикаго - Њу Орлеанс 98:94
Хјустон - ЛА Лејкерс 126:97
Далас - Вашингтон 111:114
Милвоки - Голден Стејт 108:95
Портланд - Њујорк 110:112