Ентони Дејвис прв пик на НБА драфтот

Крилниот центар од Кентаки чиј заштитен знак се веѓите (или една голема веѓа), очекувано беше избран за прв пик на НБА драфтот од страна на Њу Орлеанс Хорнетс.

Како што и се очекуваше, Њу Орлеанс Хорнетс го избраа 19-годишниот Ентони Дејвис, а неговиот соиграч од универзитетот Кентаки, Макл Кид-Гилкрист беше избран како втор пик од Шарлот Бобкетс.

Никогаш претходно во историјата на НБА лигата еден уинверзитет не ги дал првите два пика на НБА драфтот. Најблиску до тоа беа Карим Абдул Џабар и Лусиус Ален од УКЛА кои беа израни како прв и трет пик во 1969-та година.

Вашингтон го избра Бредли Бил од Флорида, четврти пик на драфтот беше Дион Вејтерс од Сиракуза, а како петти пик на драфтот Сакраменто Кингс го избраа Томас Робинсон од Канзас.

Прв европјанин на драфтот оваа година беше Французинот Еван Фурние кој ќе игра за Денвер.

29 јуни 2012 - 09:37