Ди Роуз ги стопираше Воините

Кошаркарите на Чикаго Булс го совладаа Голден Стејт после продолженијата 113:111 и на тој начин ја прекина непобедливоста на Вориорс на домашен паркет, која траеше 19 триумфи по ред сезонава.

Чикаго воедно и е првата екипа од Истокот што сезонава успеала да ги скроти Кари, Томпсон и Голден Стејт. Клеј Томпсон со 30 поени и 10 скокови беше најефикасен кај домашните, а Дејвид Ли уфрли 24 поени, 6 асистенции и 9 скокови. Роуз ги водеше Булси до триумфот со 30 поени и 7 скокови.

Решавачките поени на Дерик Роуз:

Нешто порано синоќа, Кливленд победи и на седмиот натпревар по ред, овој пат над Детроит 103:95. Кајри Ирвинг и Леброн Џејмс заедно уфрлија дури 70 поени. Ирвинг доминираше со 38 поени и 6 асистенции, а Џејмс постигна 32 поени и 7 асистенции. Кај Пистонс, Грег Монро уфрли 17 поени и 12 скокови, а Андре Драмонд стигна до дабл-дабл учинок од 12 поени и 17 скокови.

Кајри Ирвинг најдобар играч на мечот против Детроит:

Сите поени на Леброн Џејмс:

 

Асистенција на Лав до Леброн од кош на кош:

НБА резултати:

Индијана – Торонто 91:104
Детроит – Кливленд 95:103
Мајами – Милвоки 102:109
Далас – Мемфис 90:109
Голден Стејт – Чикаго 111:113 п.п
ЛА Лејкерс – Вашингтон 98:92