ЦСКА направи специјално видео од пречекот на Емил Рајковиќ во Москва

Македонскиот стратег кој ја почна тренерската кариера на 27 години во Карпош Соколи, слета во Москва, а Русите го пречекаа како прави домаќини и направија мини шоу од неговото пристигнување.

43 годишниот Рајковиќ доби чест да ја води ЦСКА Москва, што е голема привилегија и одговорност и тој е прв Македонец кој седнува на клупата на рускиот гигант.

Поради санкциите кон Русија, за жал нема да има можност во новата сезона да се натпреварува во Евролигата, но ќе се бори да го врати тимот на тронот во домашното првенство, кој го загуби од Зенит.

ЦСКА тежи вкупно 51 шампионска титула од кои 24 им се освоени за време на СССР. За колку доминантен клуб се работи говори и фактот што од 1992-ра, само четири пати не успеале да го освојат рускиот шампионат.

Во меѓународна конкуренција имаат 8 европски титули (1961, 1963, 1969, 1971, 2006, 2008, 2016, 2019).

За Рајковиќ ова ќе биде најјак предизвик во кариерата. Почна млад на 27 години како тренер на Карпош Соколи, а потоа ги водеше Фени Индустри, Работнички, МЗТ Скопје, полските екипи Сласк и Стал Остров и Астана.

Како предводник на Астана си заминува трофеен со 3 од 3 и во Купот и во првенството, а во 2019-та беше прогласен за тренер на годината во ВТБ лигата во Казахстан. Три шампионски титули има и со Фени.

Официјалното претставување на прес конференција

22 јуни 2022 - 11:31