Браво мали, така се станува голем играч

Иан Плаету е најголем хит во кошаркарска Шпанија. На дербито меѓу двата најголеми клуба од Каталонија во шпанска АЦБ лига меѓу Хувентуд Бадалона и Барселона, гостите воделе убедливо па во финишот, па домашниот тренер решил да направи интересна замена. Од клупа влегол 16-годишниот Иан Платеу кој истрчал една минута а за тоа време одиграл неверојатна одбрана над Вили Ернангомез, лидерот на Барселона кој до скоро играше во НБА.

Со 16 години и 142 дена Иан Платеу е втор најмлад играч во историјата на шпанската кошарка после Рики Рубио кој го држи апсолутниот рекорд со 14 години и 359 дена.

Тој бил повикан за овој меч како замена за центарот Анте Томиќ кој го пропуштил мечот поради смртта на татко му.

Иан Платеу е роден на 3-ти ноември 2007-ма.

Иан стана најмлад дебитант кој заиграл за Хувентут Бадалона во историјата на овој клуб. Тој го надмина досегашниот најмлад кошаркар кој дебитирал за Хувентуд, Жоан Томас на 16 години и 174 дена.

Платеу е висок 2.10 см и игра центар. Тој минатата година на Европско првенство У-16 во Скопје освоил злато со Шпанија откако во финале ја победиле Италија 77-68. Иан Платеу во финалето постигнал 9 поени со 5 скока и 1 асистенција. 

25 март 2024 - 13:42