18-ти плејоф во низа за Сан Антонио, 51 поен на Харден

Синоќа во НБА Џејмс Харден постигна 51 поен, на Демаркус Казинс му фалеа четири блокади за квардипл-дабл, а Расел Вестбрук го оствари десетиот трипл-дабл во сезоната, седми после Ол-старот.

Крајот на регуларниот дел од сезоната се ближи, но Сан Антонио продолжува да ја игра најдобрата кошарка годинава. Ејрон Бејнс постигна 18 поени, Ману Џинобили додаде 13 во победата на Сан Антонио Спарс 103:91 против Орландо Меџик. Со оваа победа, Спарси и дефинитивно го обезбедија плејофот, 18. по ред. Тим Данкан стигна до 10.000 поени од поле и влезе на листата од 11 играчи на кои им успеало тоа во НБА.

Од 27 февруари, Данкан и друштвото имаат учинок од 15 победи и само 3 порази. Кај „Магичните, Виктор Оладипо запиша 24 поени, додека Никола Вучевиќ имаше 16 поени и 11 скокови. Синоќешниот пораз беше четврти по ред за Орландо или 10-ти на последните 11 средби.

Џејмс Харден продолжи да му се приближува на МВП признанието, затоа што синоќа против Сакраменто постигна најмногу поени во неговата кариера, 51 (16-25 од игра). Неговиот Хјустон славеше Кингс 115:111.

Харден е првиот играч на Хјустон после Хаким Олајџувон и Мозес Мелоун кој имал две 50-ки во една сезона. „Брадата“ воедно 33 пат сезонава даде повеќе од 30 поени а деветти пат повеќе од 40. Учинок за МВП. Голема поддршка, Харден синоќа имаше од Тревор Ариза кој даде 22 поени.

Кај Сакраменто, ДеМаркус Казинс го оствари вториот трипл-дабл во кариерата, а синоќа му фалеа само уште 4 блокади да направи квардипл-дабл. Казинс го заврши мечот со 24 поени, 21 скок, 3 украдени топки и дури 10 асистенции, откако се одмораше во понеделникот.

Страшната партија на Харден против Кингс:


Хајлајтс од мечот:

Тренерот на Далас Маверикс, Рик Карлајл во НБА како играч и тренер е повеќе од 30 години, но ретко кога видел натпревар како вчера. Неговиот тим ја совлада Оклахома Тандер во натпревар на кој се постигнаа 266 поени.

Расел Вестбрук беше најефикасен кај Далас 31 поен, 11 скокови и 11 асистенции, со што го оствари својот десетти трипл-дабл сезонава, а 17-ти во кариерата. Ентони Мороу броеше до 31 поени, а Енес Кантер имаше рекорд на кариерата со 30 поени и дури 16 скокови.

Оклахома за прв пат од 1997. година загуби меч на кој имаше најмалку тројца кошаркари со 30 поени. Кај Маверикси, Чандлер Парсонс уфрли 22 поени, а Дирк Новицки и Амаре Стадемаер по 18. Тајсон Чендлер ја заврши средбата со 14 поени и 10 скокови.

Вестбрук не се откажува од трката за МВП:

Резултати:

Шарлот-Детроит 102:78
Вашингтон-Филаделфија 106:93
Орландо-Сан Антонио 91:103
Њујорк-Бруклин 98:100
Милвоки-Чикаго 95:91
Минесота-Торонто 99:113
ЛА Лејкерс-Њу Орлеанс 92:113
Портланд-ЛА Клиперс 122:126