Кладилница не ѝ исплаќа на бабата

Бабата на бронзениот олимпиец Сем Олдам не може да си го наплати добитниот тикет затоа што нејзиниот внук освоил медал во екипна конкуренција.

Линда Алдред, бабата на британскиот олимпиец Сем Олдам во чест на неговиот починат дедо кој многу често ги посетувал кладилниците, решила да вложи 5 фунти на тоа дека нејзиниот внук ќе освои медал на Олимписките игри во Лондон.

Кладилницата Betfred и понудила коефициент 200 и нејзиниот внук и донел добивка од 1000 фунти откако освои бронзен медал во гимнастика. Но, кладилницата сега не сака да и ја исплати добивката затоа што Олдам го освоил медал во екипно, а не во индивидуално натпреварување.

Среќна сум што Сем освои медал и не сум до толку загрижена за парите, но сепак добивката ќе ја искористев за да си купам авионски билет за Рио и да го гледам во живо на Олимписките игри во 2016-та година", изјави Линда.

Се очекува наскоро одговорните од Betfred да го сменат мислењето и да и ја исплатат добивката затоа што оваа вест бргу се рашири низ целиот свет и кладилницата доби негативен публицитет за само 1.000 фунти.

23 август 2012 - 13:46