Зидан осуден на шест години затвор

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на египетскиот фудбал, поранешниот член на Борусија Дортмунд и соиграч на Новески од Мајнц, Мохамед Зидан е осуден на затворска казна од шест години.

Според информациите од Египет, Мохамед Зидан ќе одлежи шест години во затвор затоа што на компанија за посредување со недвижен имот и напишал три неважечки чекови со поголема сума.

Зидан е еден од најуспешните фудбалери во историјата на африканскиот фудбал. Тој ја освои титулата од Бундеслигата со Борусија Дортмунд, а на два пати со репрезентацијата на Египет беше шампион на Африка. Во својата кариера има настапувано и за Вердер и Хамбург, а две сезони му беше соиграч на Николче Новески во Мајнц.

31-годишниот напаѓач беше без клуб откако го раскина договорот со клуб од ОАЕ и работел како коментатор во Ал Џезеира.

Вреди да се спомене и дека контроверзниот фудбалр минатата година во затвор го посетил Ала Мубарак, синот на сменетиот египетски претседател Хосни Мубарак.

21 ноември 2013 - 09:19