Втор меч, втор гол за Миовски во 2024-та

Македонскиот центарфор, Бојан Миовски продолжува да стрела во дресот на Абердин, овој пат во рамките на шкотскиот Куп.

Бојан Миовски го одигра вториот натпревар годинава за Абердин и повторно е меѓу стрелците.

Овој пат во 4. коло од Купот на Шкотска неговиот тим славеше на гостувањето против Клајд со 0:2.

Македонскиот репрезентативец го отвори резултатот во 32-та минута, откако најдобро се снајде во шеснаесетник, а вториот гол го постигна Николас Девлин во вториот дел.

За Миовски сезонава ова е гол број 16 на сите натпреварувања, од кои 9 му се во првенство, каде го чека меч против Сент Џонсон на 24 јануари.

20 јануари 2024 - 08:47