Викенд понуда: Тренер во Босна и Херцеговина

Со последните четири тренерски смени во фудбалското првенство на БиХ, бројката на отпуштени тренери во една сезона се искачи на 25 и тоа за само 24 кола или речиси по еден неделно. Шест екипи смениле по тројца тренери, а сезоната не е завршена.

Според анализата на агенцијата Анадолу (АА), 16 клубови во босанската Премиер лига сезонава одбрале 34 тренери. Најмногу тренери сменил Челик од Зеница, дури пет. На вжештената клупа на тимот од „Билино полје“ седеа Низах Хукиќ, Миломир Одовиќ, Дарко Несторовиќ, Борис Павиќ и Елведин Бегановиќ.

Дури шест екипи сезонава имаа по три тренери. Тоа се последнопласираната Звијезда од Градачца, Витез, Травник, Слобода, Жељезничар и Зрињски од Мостар. Вреди да се спомене дека Мемиќ во Жељо и Несторовиќ во Челик беа именувани за тренери, но не ги воделе екипите на ниту еден натпревар.

Ништо покус не е ниту главниот ривал на Жељо, Сараево кој сменил два тренери сезонава. Откако го избркаа Џенан Ушчуплиќ кој не поседувал УЕФА Профи лиценца, дошол Мехо Кодро. Сепак, поради слаби резултати, управата реши да му се заблагодари и на Кодро, а Ушчупулиќ во меѓувреме се дошколувал па се вратил на позицијата на која беше до септември минатата година.

Како никаде во Европа, во БиХ дури пет тренери работеле во два тима сезонава. Недим Јусуфбеговиќ до скоро беше тренер на Вележ, а од минатиот викенд ја превзема Звијезда од Градачац. Винко Мариновиќ ја заменил фотелјата на бањалучки Борац со онаа на Зрињски од Мостар.

Во тековната сезона тренери не смениле само Олимпик, кој се бори за место во Европа со Мирза Варешановиќ, како и Славија која е во „златната средина“ со Драган Радовиќ, пишува агенцијата Анадолу.