Тренерот на Бристол Сити купил вино за Мурињо, овој не му дошол

Фудбалерите на Бристол Сити, членот на втората англиска лига во хиерархијата (Чемпионшип) направија сензација откако со гол во 93’ минута го елиминираа големиот Манчестер Јунајтед од Купот. Цел стадион знаеше како да ја прослави победата, а посебно тренерот Ли Џонсон.

Англискиот Лига Куп е старо и вредно натпреварување кое носи посебна драж особено што фаворитите често нагазуваат на нагазни мини поставени од аутсајдери. Манчестер Јунајтед синоќа испадна од англискиот Лига Куп после поразот од Бристол Сити, третопласираниот тим во Чемпионшип.

Сега е веќе доцна Мурињо да се кае што во Бристол направи неколку измени во старниот состав иако од првата минута играа Погба, Ибрахимовиќ, Рашфорд и Марсијал - сериозни играчи кои ако победеа ќе налетаа на Пеп Гвардиола во полуфиналето на Купот. Но Мурињо вторпат откако е во Англија изгуби од екипа која не е од Премиер лига (прва беше Бредфорд во сезоната 2014/2015).

Бристол Сити победи благодарение на гол на неколку секунди до крајот од мечот во 93-та минута! Во Лига Купот овој тим елиминираше 4 премиерлигаши по ред: Вотфорд, Стоук, Кристал Палас и Манчестер Јунајтед.

Таков подвиг на клуб од пониските лиги не се случил цели 26 години!

Уште поголемо чудо е што на почетокот на годината тренерот Ли Џонсон бил на прагот од отказ: екипата изгубила 15 од 19 натпревари а осум од нив биле по ред. Џонсон добивал жестоки критики за тоа што го купил напаѓачот Мет Тејло од нивните најголеми „душмани“ Бристол Роверс. Работата била сериозна што тренерот поради безбедност го преселил семејството во друго место.

Но управата на Бристол Сити му верувала на Ли Џонсон и постепено довербата почнала да носи резултати. На 6 меча на крајот од првенството Бристол победи на 4 и се спаси од испаѓање, а сега се бори за влез во Премиер лига.

BBC пишува дека екипата на Џонсон изградила сопствен стил - со висок пресинг и енергична игра напред. Интересно помошникот на Ли Џонсон, Ден Холден имал сезонска карта за „Олд Трафорд“ годинава.

„Победата над Манчестер Јунајтед е историски подвиг. Голот на самиот крај ќе остане во сеќавање на многу генерации. Неверојано, апсолутна еуфорија!“, ги подели емоциите Ли Џонсон кого на почеток на годинава го бркаа и мразеа а сега го сметаат за бог. После голот Џонсон фати едно од децата задолжени за топки и го вртеше во воздух од среќа.

„Не знаев што правам. Сакав да истрчам и да славам со дечките. Болбој беше единствен кој трчаше накај мене и него го зедов“, објаснил тренерот на Бристол.

Во средата Џонсон имал две важни задачи - не само да го елиминира Јунајтед, туку и да испие вино со Жозе Мурињо, убава традиција во англискиот фудбал. Португалското вино кое Џонсон го нарачал се вика Barca Velha, производ на винаријата Douro wines која производедува и полни од 1952 година.

„Потрошив 450 фунти на шише вино! Требаше да го скршам прасето касичка од ќерка ми. Виното ми стигна од Португалија. Верував дека на Жозе ќе му се допадна баш тоа вино. Но тој замина, не прозборевме многу. Заедно поседевме 5-10 минути“.

На Мурињо не му е првпат тешко да поднесе пораз. Жозе и во минатото знаел да избегне средби со противничките тренери и брзо да го напушти стадионот.