Трчајте повеќе или седите дома

Со само три победи, едно реми и дури 16 порази, Парма се наоѓа во ужасна ситуација на дното на табелата во Серија А. Навивачите почнаа да го губат трпението, а пораките му ги кажаа на Касано, очи в очи. Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски од овој месец повторно е на позајмица во второлигашот Латина.

Навивачка на Парма:

Драг директоре, јас сум навивачка на Парма и може да замислите како се чувствувам периодов. Ние сме вакцинирани од сè и знаеме дека вистинските навивачи се препознаваат кога работите одат лошо во клубот. Поради тоа би сакала да му кажам на Касано дека со право се жали, бидејќи ниту тој, ниту другите играчи не земале плата веќе пет месеци, а ова се вистинските моменти за да се види кој навистина ја сака Парма. Касано и неговите соиграчи заедно со Донадони се борат до последната минута секое коло. Ако треба да одиме во втора лига, да одиме со достоинство.

26 јануари 2015 - 15:06