Тевез во шок, го киднапираа татко му

Според првичните шпекулации на аргентинските медиуми тој е ослободен откако им ги исплатил парите што му ги побарале.

Хуан Алберто Кабрал, таткото на Тевез e киднапиран vo Морон, град во близина на Буенос Аирес од тројца вооружени додека се наоѓал во својот автомобил.

Според весникот „The Nation" таткото на славниот фудбалер бил принуден да им даде одредена сума на пари на киднаперите по што тие веднаш го ослободиле.

Но за тазе случката за сега има многу куси информации во аргентинските медиуми, a некои од нив шпекулираат дека тој се уште не е ослободен.

Напаѓачот на Јувентус ги напуштил подготовките на својот клуб и одлетал за Аргентина.

29 јули 2014 - 17:46