Темната страна на фудбалот

Хомофобија, пороци и обложување. Ова се главните теми во книгата со наслов „Јас сум таен фудбалер",во која се раскажани животите на фудбалерите кои ги водат, кога не се наоѓаат на терените. За сега не се знае името на фудбалерот, но познато е дека настапувал за Англиската репрезентација.

Како им се менува животот на фудбалерите кога со шутирање на топката ќе почнат да заработуваат милиони евра, како успеваат да ги избегнат блицевите од таблоидите во моментите кога се во кругот каде се лесно добиваат секс, како работат алчните и неспособни менаџери и како после сето ова се паѓа во депресија.

Многу од овие работи не би требало да ви ги раскажам, изјавува анонимниот автор кој настапува во Премиер лигата, во книгата „Јас сум таен фудбалер", која веќе излезе во продажба на 185 страници.

Се работи за играч кој потекнува од семејство од работничка класа со татко кој го терал да чита Шекспир. Уште како млад станал член на голема екипа, но се шокирал кога гледал како функционираат работите во и надвор од соблекувалната.

Уште пошокиран бил кога открил дека некој од неговите соиграчи му ги расфрлал работите додека се туширал, му го украл телефонот и му праќал смс пораки на тренерот со експлицитни содржини.

Премиер лигата тој ја опишува како проблематична лига за хомосексуалците. Најтешко му било на оној за кој ќе се дознае и кој постојано ќе биде омразена личност во тимот. Во тој контекст тој го споменува и Антонио Касано кој не се израсувал баш најдобро за луѓето со различна сексуална ориентација.

Во светот на фудбалот многу лесно можело да се види како позната ѕвезда од терените, седи во ВИП сепаре во некој елитен клуб во Лас Вегас и со само шише шампањско добива девојка за една вечер.

Како главен порок кај фудбалерите анонимниот фудбалер го споменува коцкањето, но и обложувањето на трки со коњи, кучиња, како и на фудбалски натпревари. Од познатите имиња на островот тој го споменува Манчини како сјаен тренер, извесен Паоло, за кој се претпоставува дека е Паоло Ди Канио, го именува како одврзано куче, а Џон Тери како плашило за судиите.

Името на овој играч кој ги раскажува контроверзите на фудбалерите за сега не е познато, а се претпоставува дека настапувал во Ливерпул, Блекбурн или Вест Хем. Најљубопитните отвориле веб сајт на кои се раскажани сите негови стории преку кои се обидуваат да дознаат кој е анонимниот лик кој зборува без влакна на јазикот.

28 март 2013 - 15:13