Судијата заврши во болница, му се јави Ердоган

Цела турска јавноста е на нозе и бара одговорност за силеџијата Фарук Коча, кој како претседател на турски прволигаш, се дрзна да му удри бокс на судијата. Приведен е заедно со уште двајца.

37 годишниот Халил Умут Мелер после ќотекот од претседателот на Анкарагучу, Фарук Коча лежи во болница каде беше посетен од политичкиот врв.

Министерот за внатрешни работи објави видео од посетата и од моментот кога му се јавува претседателот Ердоган.

„Ме растажи тоа што ти се случи. Освен тоа, бев тажен и како некој што е од Ризе. Им кажав на моите пријатели за неопходноста брзо да се направи она што е потребно, без разлика дали тоа е мојот министер за правда, мојот министер за внатрешни работи или некој друг“, му рекол Ердоган на Мелер“.

Мелер кој од 2017-та е ФИФА судија, до толку се разочарал од грдиот напад што дури размислувал и да се повлече целосно од терените.

Турската фудбалската Федерација го стопираше фудбалот на неодредено време, а полицијата веќе го преведе Коча заедно со уште двајца осомничени дека се вмешани во нападот. Се најавува 48 часовен притвор.

Грдите сцени од Анкара предизвикаа гнев и многу пошироко од Турција, а  осуда има и од УЕФА и ФИФА, од каде побараа одговорност. 

Подобро да си судија во Џепчиште или Дељадровци отколку во Турција

12 декември 2023 - 14:38