Со назначувањето на Руни за тренер, ДС Јунајтед ги прекршил правилата за различности

И во МЛС лигата постојат рамковни квоти a?

ДС Јунајтед е казнет со 25.000 долари од страна на МЛС лигата затоа што не ја испочитувал политиката за вработување кога го ставиле Вејн Руни за тренер.

Клубовите во американскиот фудбал се должни да вклучат два или повеќе кандидати од недоволно застапените групи, како дел од финалната група во која барем еден од тие кандидати мора да биде црнец или Афроамериканец.

Легендарниот напаѓач кој играше за ДС Јунајтед во сезоната 2018/2019 беше назначен за тренер на 12 јуни 2022-ра на местото на Аргентинецот Хернан Лозада.

Клубот се изјасни преку соопштение во кое меѓудругото велат дека во иднина фундаментална пракса ќе им биде да се даде приоритет на интервјуирање кандидати од недоволно застапените групи за сите лидерски позиции.

Руни во моментов е на одмор со семејството во Дубаи и се очекува да се врати на предсезонски тренинзи во јануари пред почетокот на лигата која стартува на крајот на февруари.

Човекот кој играчката кариера ја заврши како прв стрелец во историјата на Манчестер јунајтед и англиската репрезентација, изгледа како да е генерација со Васил Рингов.

2 ноември 2022 - 14:36