Мајката на Раниери

Син ми не беше почитуван во Рома, а во Англија е крал

Иако има 96 години Рената стана позната, почна да дава изјави, чита спортски весници, го гледа Лестер и постојано е во тек за сè што се случува во клубот за кој добива информации од прва рака.

Свинска кременадла со малку цикорија, а понекогаш може со грашок или салата. Потоа пред да замине каснал јагоди со лимон и шеќер. Ова бил оброкот на потценетиот тренер на дента кога доби честитки од пола фудбалски свет за успехот кој многумина го нарекоа „не е сè во парите“.

Кога шампионската титула во Премиер лигата во понеделникот зависеше од исходот на лондонското дерби, Раниери реши да се качи во авион и да замине во Рим за да руча со мајка му. Ручекот беше брз бидејќи истиот ден го чекаше лет за назад за да може да стигне да гледа Челси – Тотенхем. Италијанските новинари на Република ја посетија неговата 96 годишна горда мајка.

Како реагиравте на израмнувањето на мечот Челси – Тотенхем?

Почнав да плачам. Со Клаудио се слушнав подоцна бидејќи во тие моменти ми се јавија внуците и братучедите на син ми. Беше пресреќен. Сите сме пресреќни. Сега може да се релаксираме.

Ви зборуваше ли за Лестер за време на ручекот?

Да, по малку. Но сакаше пред сè да биде смирен. Беше два часа со мене, а потоа ми рече дека претседателот на клубот му испратил приватен авион за да се врати во Англија. Се поздравивме и потоа замина накај аеродром.

Честитки од квартот каде растел Раниери

Ги следевте ли неговите натпревари?

Сите ги гледав. Тоа беше постојана возбуда. Ми се јавуваше секоја вечер и ме известуваше за сè. Утринава купив спортски весници и ги видов насловите кои ме направија задоволна.

Очекувавте ли Клаудио да ја освои Премиер лигата со Лестер?

Не. Тој имаше играчи кои се одлични момци за кои ми рече дека тренирале како вистински професионалци. Инаку се разбира дека не тренираше голем тим. Знам дека во Англија му е добро, сите го третираат до перфекција. Се пронајде таму.

Зошто го мислите тоа?

Во Рим според мене не го почитуваа. Ние фамилијарно сме сите навивачи на Рома и кога Клаудио им беше тренер бевме гости и во нивната тренинг база. Но жал ни е како заврши на крај. Фалеше малку и тука да го освои Скудетото. Сега е „Крал на Англија“

Што предвидувате за следната сезона?

Не знам. Ќе видиме што ќе се случува. Се надеваме на добро.  Сега сме вака задоволни. Му честитаа луѓе од цел свет. Им благодариме.

4 мај 2016 - 13:11