Симеоне, Станковиќ, Манчини, дури 22 играчи од шампионската генерација на Лацио се пробаа како тренери

Кога Симоне Инѕаги и Серџо Консеисаио синоќа се ракуваа на Меаца на мечот Интер - Порто од ЛШ, коментаторите веднаш констатираа дека тоа се двајца соиграчи од Лацио кои ја освоија последната титула во 2000-та.

Скоро сите од нив станаа или се обидоа да го пренесат фудбалското знаење. Едни се прославија, други се откажаа, трети се помошници, четврти дел од нисколигашкиот фудбал. 

МАРКО БАЛОТА

Заменикот на Лука Маркеџани кој бранеше на 9 меча во сезоната кога освоија Скудето, им спречи големи шанси на Дел Пјеро и Зидан во меѓусебната пресметка со Јуве за титулата. Како тренер работеше само во нисколигашот Кастелветро.

ЏУЗЕПЕ ФАВАЛИ

Одигра 401 меч за Лацио во периодот 1992-2004 и само Раду има повеќе настапи од него. Во сезоната 1999/2000 поради повреди одигра само 18 меча. Во 2019-та беше тренер на Кремозене, каде всушност порасна фудбалски.

АЛЕСАНДРО НЕСТА

Капитеноt не беше дел од последното коло против Реџина кога Лацио на 14 мај 2000-та го подигна пехарот, откако Јуве киксна во Перуџа. Тој сè е уште најтрофеен капитен во историјата на клубот. Со тренерска работа се зафати во Монтреал, а последниот ангажман му е во Фрозиноне 2021-ва.

ПАОЛО НЕГРО

Бекот на Лацио играше од 1993-та до 2005-та, а потоа Лотито го отсрани од тимот. Собра 26 настапи од можни 34, како и 2 гола во таа сезона, а даде и гол во ЛШ против Динамо Киев. Тренер е од 2010-та и сега работи со младите во Сиена.

СИНИША МИХАЈЛОВИЌ

Еден од најсканите кој до крај беше навивач на Лацио и кој за жал замина на само 53 години. Беше на Олимпико во периодот 1998-2004 и како дефанзивец постигна 33 гола. Најмногу му одеше во сезоната на Скудетото кога даде 13 гола од кои 6 во Серија А. Почна како помошник на Манчини, а потоа ги водеше Болоња, Катанија, Фиорентина, Србија, Сампдорија, Милан, Торино и на крај повторно Болоња.

ДЕЈАН СТАНКОВИЌ

Борецот од средниот ред постигна три гола таа сезона. Беше многу близок со Михајловиќ, кој му беше и кум. Почна како помошник тренер на Удинезе во 2014-та, потоа ја водеше Црвена Ѕвезда, а сега има тешка мисија да ја спаси од испаѓање Сампдорија.

АТИЛИО ЛОМБАРДО

Резервистот кој тогаш беше при крајот на кариерата постигна гол против Перуџа, а тренерската кариера ја почна како тренер-играч на Кристал Палас. Работеше со Манчини во Манчестер Сити, а сега му е помошник во селекцијата на Италија. Истата функција ја вршеше и во Шалке со Ди Матео.

СЕРЏИО КОНСЕИСАО

Во Лацио играше две и пол години, но беше незаменлино десно крило и во незаборавна сезона постигна 5 гола. Тренер е веќе 13 години, а на клупата на Порто е од 2017-та. Во европските купови ги елиминираше Лацио, Рома и Јуве.

ХУАН СЕБАСТИЈАН ВЕРОН

Како на градското дерби сезоната 1999/2000 суспендиран беше Михајловиќ, на трибини се појави транспарент со натпис „За слободни удари јавете му се на Михајловиќ“. Но аргентинскиот ас го искористи неговото отсуство и ја реши Рома со голчиште токму од слободен. Во 2016-та работеше како тренер на аргентинскиот клуб Естрела де Беризо, а сега е потпретседател на Естудијантес.

ДИЕГО СИМЕОНЕ

Сонародникот на Верон успеа најмногу како тренер и вети јавно дека еден ден ќе го тренира Лацио. За сега во Италија ја водеше само Катанија, а од 2011-та е незаменлив во Атлетико кој го препороди со 8 трофеи и две финале во ЛШ. Навивачите на Лацио никогаш нема да му го заборават решавачкиот гол против Јуве на гости.

РОБЕРТО МАНЧИНИ

Истото важи и за Манчини кој е секаде трофеен. Лацио, Фиорентина, Интер, Манчестер Сити, Галатасарај, Италија. За време на трите сезони во Лацио му беше десна рака на Ериксен.

СИМОНЕ ИНЅАГИ

Го отвори резултат против Реџина во последното коло и таа сезона беше прв стрелец со 19 гола на сите натпреварувања. Почна да тренира во школата на Лацио, а потоа стигна до првиот тим со кој освои три трофеи. Сезонава му е втора во Интер.

Целата листа на 22-ца ја имате тука.

23 февруари 2023 - 15:25