Шутната ограда, црвениот и расправата на Чави со судијата

ПСЖ ја искористи предноста од играч повеќе по црвениот картон на стоперот на Барселона Роналд Араухо во 29’ минута и до врв ја наполни мрежата на Каталонците (1:4 после пресврт). Тренерот на Барса Чави бурно реагираше во неколку наврати на судиски одлуки а во еден момент бесно ја шутна рекламата кај делегатот поради што доби директен црвен картон. И после мечот се оправаше со главниот судија Иштван Ковач од Унгарија.

Црвени картони добија и првиот помошник на Чави, тренерот Оскар Ернандез поради протести пред крајот на првиот дел и тренерот на голманите Хозе Рамон де ла Фуенте поради протести за недосуден пенал над Гундоган.

„Штета, Лига на шампиони е готова за нас поради судиски грешки. Само што му кажав на судијата дека беше катастрофа. Тоа е реалност. Следната година Барселона ќе проба повторно. Имавме исклучителна Лига на шампиони. Мора да контролираме детаљи“, изјавил Чави после мечот.

Нова драмолетка со 11 гола на два меча во ЛШ и елиминација за Барселона и Атлетико

17 април 2024 - 08:45