Штосен пенал на Бруно и пофалби од Сколс за играта

Кога на Олд Трафорд можеш веднаш да се прилагодиш и веќе во првиот месец да се истакнеш со два гола и две асистенции, а згора на тоа да те фали една од најголемите легенди на клубот, тогаш тоа е тоа. Ќе те биде, односно те бидува веќе.

Откако Манчестер Јунајтед го донесе големото засилување од Спортинг, влезе во серија од седум меча без пораз. Тоа е се разбира е Бруно Фернандеш кој пристигна за сума од 80 милиони евра.

Големи пари, големи очекувања од Португалецот кој две години по ред беше прогласуван за играч на сезоната во својата земја. Го купија во најубавите фудбалски години, 25 и до сега блескаше на сите пет партии за Јунајтед и плус даде два гола и намести уште два.

Кога играч од среден ред, ќе биде испофален од играч од среден ред по име Пол Сколс, тогаш навистина трансферот е полн погодок.

„Тој внесе живот во екипата. Треба да се прашаме каде би бил Јунајтед ако не го потпишеа. Од тим кој не беше за гледање, направи тим кој од време на време е многу добар за гледање“.

На овие убави критики се надоврза уште еден поранешен играч од средниот ред на Јунајтед.

„Тој има неверојатно добра вредност. Забележувам многу насмевки после натпреварите. И другите играчи се подобри со него. Многу е паметен. Исто како јас кога играв со Сколс кој беше секогаш еден или два чекори пред другите. Плус навивачите го скандираат неговото име“, вели Овен Харгривс.

Иако е плејмејкер, Бруно има репутација и на постигнување и на местење голови, а во Спортинг постигна 64 за три сезони.

На синоќешниот меч од Лига Европа кој Манчестер го доби со 5:0 против Клуб Бриж даде пенал за кој денеска сите зборуваат, а одигра клучна улога и во реализацијата на Томинај и Игало.

Погледнете ја оваа измама. “Го уби“ голманот во поим.

Со дрес на Македонија

28 февруари 2020 - 12:56