Што претставува 19 јули за Барселона?

Не играше многу долго во врвна форма како на пример Меси кој никако не паѓа, ама тоа што го одигра тие сезони беше магично. Чиста привилегија за гледање и уживање. Нескротлив лудак со топка кој не можеш да го демантираш.

На 19 јули 2003-та на Камп Ноу стапна еден од најголемиte бразилски фудбалери во историјата и општо еден од најдобрите во светот. Човек кој правеше посебни нешта со топка.

Новоизбраниот претседател на Барселона, Хоан Лапорта тогаш изјави:

„Реков дека ќе ја водиме Барселона кон првите редови на фудбалскиот свет, а за да се случи тоа мора да потпишеме еден од овие тројца играчи: Дејвид Бекам, Тиери Анри или Роналдињо“.

Анри остана во Арсенал, Бекам замина во Реал Мадрид, па на Каталонците им преостана да го бркаат најдоброто можно решение, Роналдињо од ПСЖ. Потписот го добија пред Манчестер Јунајтед со подобра понуда од 30 милиони евра.

Купија магионичар со топка кој тогаш беше во цутот на младоста со 23 години и кој во Барселона го достигна пикот и глобалната слава.

За него излишно е да се трошат зборови и време на тастатура, туку треба човек само да пушта видеа и да се потсети каков монструм од играч беше, посебно во петте минати сезони во Барселона.

Дебитираше на пријателска против Јувентус, а Франк Рајкард рече: Има нешто посебно кај него, секој пат кога ќе ја допре топката. Токму таков беше и неговиот деби гол за Барселона.

Го даде против Севиља на 3 септември во 1:30 во меч кој почна 5 минути по полноќ. Ја прими на своја половина и понатаму е неверно како ја заврши акцијата.

И тоа само како вовед по кој следуваа убавини од погодоци и потези. Потсетување на мајсториите против Милан и Челси во ЛШ, како и слободните удари.

Не само нога, туку и рака не му трепери кога деновиве имаше барање за автограм на специфично место.

19 јули 2021 - 15:34