Само Жозе знае да направи ваква парада пред камери

По триумфот над Сервет од Швајцарија во ЛЕ, додека Мурињо даваше изјава, го викна до него 19 годишниот Франческо Д`Алесио од Примавера на кој ноќта му овозможи на дебитира во прв тим. Потоа во свој стил раскажа една куса и убава случка, која се разбира оди во прилог на неговиот имиџ. Еј кој курназ е.

Второ видео од истата вечер кое покажува колку е итар и умее да им влезе под кожа на навивачите. Поради суспензија мечот го гледаше од трибини и на крај ги снимаше како пејат, а клипот го стави на Инстаграм.

6 октомври 2023 - 15:53