Руни и Ван Перси како да играат прв пат заедно

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед никако да излезат од криза, а викендов се посрамотија на гостување против Стоук каде го забележаа и осмиот првенствен пораз. Во статистиката од мечот се крие еден ужасен податок за двајцата напаѓачи кои се клучна фигурна во тимот.

По залечените повредни, Робин ван Перси и Вејн Руни повторно го формираа напаѓачкото дуо на Јунајтед, но нивниот придонес на теренот беше срамен за голгетери од ваков калибар.

Доколку не е направена случајна грешка во овој податок од деталната статистика по натпреварот, тогаш ќе се зачудите. Овие двајца напаѓачи си размениле само шест додавања, од кои трите на Ван Перси до Руни се случиле точно од средниот ред.

4 февруари 2014 - 15:25