Роналдињо излезе од притвор после 6 месеци

На крајот од излагањето на судиите кое траело три часа и кое било пренесувано директно на телевизија, некогашниот најдобар фудбалер на светот е пуштен на слобода во Парагвај. Во притвор беше од 7 април.

По повеќе од 5 месеци во притвор, Роналдињо сега е слободен да патува во која било земја на светот. Неговиот кошмар траеше од 6 март кога во Асунсион беше приведен со брат му Роберто де Азис Мореира поради тоа што во Парагвај влегле со фалсификувани патни исправи.

По извесно време Роналдињо, кој бил прав хит во затворот каде одигра и неколку партии мал фудбал со другите затвореници, беше пуштен во домашен притвор во луксузен хотел.

Обвинителот Густаво Амариља, на крајот ги пуштил браќата на слобода но морале да платат 90.000 долари за штетата која ја предизвикале врз општеството. Роналдињо во Асунсион беше поканет од локална фондација, со цел да ја промовира неговата автобиографија, да ги поддржи училиштата за сиромашните деца од социјално загрозени семејства и да отвори едно казино. Брат му бил гостин во улога на негов бизнис менаџер.

Роналдињо на 21 март славел 40-ти роденден во Асунсион но на 7 април беше уапсен од локалнат аполиција. Сега бразилската ѕвезда со брат му со приватен авион треба да се вратат во татковината. Во спогодбата со парагвајските власти, браќата ќе мораат да се пријавуваат кај бразилските власти на секои три месеци во следните две години.

25 август 2020 - 10:37