Реванш по 140 години

Првото финале на најстарото фудбалско натпреварување, англискиот ФА Куп се одиграло во 1872-та година. По пауза од 140 години, двата финалисти повторно се сретна.

Во 1872-та година на стадионот Кенингтон Овал во Лондон пред 2.000 гледачи било одиграно првото финале на најстарото фудбалско натпреварување на светот, англискиот ФА куп. Во финалето се сретнале екипите на Wonderers и Royal Engineers (во составот имале девет полковници и двајца капетани).

Победила екипата на Вондерерс со 1:0, а тие две екипи никогаш потоа не се сретнале. По 140 години се одигра реприза на првото финале и тоа на истиот стадион кој сега е реновиран и има капацитет од 23.500 гледачи.

Инженерите ја искористија шансата за реванш и победија со 7:1.

8 ноември 2012 - 10:23