Растур систем на Миовски со два гола и асистенција

На Бојан Миовски му лежи Шкотска како на никој друг македонски играч и веќе има 7 гола на стартот на новата сезона.

На Абердин не му тргна добро сезонава и првата победа во домашното првенство ја бележи денеска, дури во шестото коло, но затоа Бојан е тука секогаш кога треба.

Македонскиот голгетер е двоен стрелец против Рос Каунти кого го совладаа убедливо со 4:0.

Миовски стрелаше во 21-ва и 52-ва минута и веќе на конто има 7 погодоци меѓу кои 4 во првенство, 2 во Лига Европа и еден во Куп.

24 септември 2023 - 18:00