Лига на шампиони

Покер на Иличиќ во голеадата пред празен стадион во Валенсија

Во сенка на глобалната хистерија околу коронавирусот, вечерва се одиграа првите реванши од 1/8 финале на ЛШ. Аталанта ѝ даде 4 гола на Валенсија,  феноменалниот Иличиќ со 5 гола во двомечот.

Во период кога сите релевантни меѓународни фудбалски сојузи, во договор со властите одлучија голем дел спортски натпревари да се одложат или да се играат пред празни трибини, двата најголеми европски турнири ќе се обидат да ги истераат осминафиналните дуели, а за четвртфинале ќе се одлучува понатаму.

Вечерва во Шпанија се играше без публика.

1/8 финале на ЛШ, резултати:

РБ ЛАЈПЦИГ - ТОТЕНХЕМ 3:0 (2:0) вкупен резултат 4:0
/Сабицер 10', 21', Форсберг 87'/

ВАЛЕНСИЈА - АТАЛАНТА 3:4 (1:2) вкупен резултат 4-8
/Гамеиро 21', 51', Торес 67' - Иличиќ 3' пен, 43' пен, 71', 82'/

10 март 2020 - 22:56