Подобро да не играме

Фудбалската репрезентација на Македонија во период кога не одигра ниту еден натпревар се искачи за две позиции на ФИФА ранг листата.

По падот од 11 позиции кој го забележавме минатиот месец со поразите од Велс и Србија, македонската фудбалска репрезентација овој пат напредуваше и се искачи на 84-та позиција.

Но напредокот не се должи на нашите резултати. Во овој период Македонија загуби девет поени, но ги искористи лошите резултати на другите репрезентации кои паднаа на рангирањето.

Пред нас остануваат Конго, Јамајка, Тринидад и Тобаго, Того, Сиера Леоне, Замбија... а зад нас оставаме фудбалски велесили како Уганда, Оман, Доминиканска република, Ангола...

На врвот на листата се Шпанија, Германија, Аргентина, Колумбија, Португалија, Уругвај, Италија, Швајцарија, Холандија, а во Топ 10 се врати и Бразил.

28 ноември 2013 - 12:10