Пеп Гвардиола лут и бесен за календарот

Манчестер Сити во средата одигра крајно исцрпувачки меч од 120 минути, продолженија и пенали со Реал Мадрид во 1/4 финале на Лига на шампиони. Во саботата напладне играше против Челси во полуфинале на англиски ФА Куп и победи 1-0 со гол на Бернардо Силва во 84’ минута. Сите играчи на Сити и Пеп Гвардиола се шокирани како е можно некој да нема усул за здравјето на играчите.

„Не знам како преживеавме. Неприфатливо е да не ставиш да играме денес. Невозможно е, за здравјето на играчите, не е нормално. 120 минути, емотивен дуел со Мадрид, начинот на кој изгубивме. Искрено знам дека оваа земја е посебна (со ФА Купот) но се работи за здравјето на играчите“, со право бил лут Гвардиола.

На прашањето на водителот Гари Линекер дали поднел или ќе поднесе некаков приговор до ФА, тој вели:

„Гари дали мислиш дека наше барање би сменило нешто?! Единствено што можам е да си кажам овде, немам моќ да сменам баш ништо. Знам веќе со години. Зошто да играме денес, а не ден подоцна утре, кога Ковентри, Челси, Манчестер Јунајтед не играат преку недела? Зошто? Зошто да нема ден повеќе за одмор, за здравјето на играчите? Еве кажи ми како јас да го подготвам полуфиналево од најважниот меч во сезоната? Како? Невозможно е.“

Момците се легенди! Седум години сум овде. Родри, начиот на кој играше! Кајл Вокер позади, после 120 минути фудбал и после повреда пред 3-4 недели, сега такво трчање против Џексон против Мудрик! Не знам искрено како преживеаа. Капа долу!“.

 

21 април 2024 - 10:59