Офсајд лик на денот: Џоел Кембел

Фудбалерот на Арсенал кој е позајмен во Олимпијакос, Џоел Кембел слободно можевме да го сместиме и во категоријата малер на денот. Репрезентативецот на Коста Рика купил 100 пакетчкиња со сликици Панини, но не се нашол себеси.

Во пресрет на Светското првенство во Бразил, кај љубителите на фудбалот почна да владее и треската со собирање на популарните сликици на Панини.

32 репрезентации се квалификуваа на Мундијалот во Бразил, а 544 фудбалери ја имаа таа среќа да се најдат во албумот со 640 сликички. Меѓу нив е и 21-годишниот фудбалер од Коста Рика, Џоел Кембел чија сликичка во албумот е со број 296.

Фудбалерот на Арсенал кој е позајмен во Олимпијакос, имал желба да си ја најде сликицата со неговиот лик и купил цела кутија во која има 100 пакетчиња со по пет сликички.

По долго пребарување, малерот не успеал да се најде меѓу 500-те сликички.

Ја има ли некој од вас дупликат сликичката со број 296? Дајте да му помогнеме на човекот.

Претходните офсајд ликови погледнете ги тука.

11 април 2014 - 09:11