Одложена ТВ снимка заради многу пцуење на стадион

Се гледа дека БиБиСи никогаш не снимале спортски настан во Кавадарци, па на натпревар од шкотската лига им се слушнало премногу пцуење и морале да ја одложат ТВ снимката.

Уредниците на шкотскиот сервис на БиБиСи решиле да одложат ТВ снимка од натпреварот помеѓу Рос Каунти и Сент Мирен затоа што навивачите многу пцуеле на трибини.

Натпреварот од шкотската Премиер лига се одигра во саботата во 15 часот по локално време, а снимката требала да биде прикажана на БиБиСи Алба веднаш по завршувањето на дуелот.

Но прикажувањето на снимката од тензичниот натпревар била одложена за неколку часа затоа 3.000 навивачи на Викторија Парк стадионот биле многу вулгарни. Снимката била пуштена дури во 23 часот откако биле цензурирани пцовките од гледачите.

Освен пцуењето на трибините, страстите биле зовриени и на теренот каде двајцата тренери беа избркани во соблекувална по една караница.

25 февруари 2014 - 15:38