Нов гол на Миовски, број 17 сезонава

Абердин е дефинитивно зависен од македонскиот центарфор, кој безмилосно ги тресе противниците во Шкотска речиси на секој меч.

Само четири дена после голот во шкотскиот Куп, Бојан Миовски постигна нов гол во првенство.

24 годишниот штипјанец покажа дека е сигурен реализатор и од 11 метри, а тоа се случи на гостувањето против Сент Џонстон во 62 минута, по што домаќините ги поставија конечните 1:1.

За Миовски ова е трет гол по ред и на последните пет средби има дадено пет гола.

Во моментов има 10 гола во шампионатот и вкупно 17 на сите натпреварувања. Му фали само еден гол за да го повтори ланскиот учинок во деби сезоната во Шкотска.

Абердин е на седмата позиција на табела со 23 бодови, а во следното коло на 27 јануари му гостува кај Хартс.

25 јануари 2024 - 08:35