
Вашиот тим губи со 4:0? Не берете гајле. Челниците на фудбалската федерација на Норвешка ќе помогнат со нивниот предлог за воведување во игра на 12-ти фудбалер. Тие сериозно го разгледуваат предлогот за промена на фудбалските правила и воведување на уште еден играч, но не за двата тима, туку само за оние кои губат со четири разлика.
Предлагачите на ова правило очекуваат дека ќе се зголеми конкуренцијата и натпреварите ќе бидат поинтересни, а предлогот доби поддршка и од неколку легенди на норвешкиот фудбал.
„Тоа е добро правило со кое натпреварите ќе бидат поизрамнети. Воопшто не е забавно да изгубиш 17:0, ниту пак да победиш со 17:0", изјави Хенин Берг, поранешниот член на Манчестер Јунајтед кој има 100 настапи за норвешката репрезентација.