Непобедливите во Европа

Челси е на 15-то место со 8 бода зад Сити и 6 зад Јунајтед, Јуве 13-ти со само една победа, а Севиља е на дното на табелата без ниту една победа. Изненадување на стартот е Абердин.

Шкотскиот прволигаш се наоѓа во друштво на Барселона, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Интер, барем што се однесува до убедливиот почеток на новата сезона во европските национални првенства.

Абердин за разлика од нив има 8 од 8 и заедно со Базел се единствените две екипи со таков учинок. Втор е Глазгов Ренџерс кој во втора лига има 7 од 7, а потоа следуваат двата гиганти од Бундес лигата со 5 од 5.

Во Шпанија и Италија доколку бркавте победа во првите 4 кола на Барселона и Интер, тогаш немате загуба бидејќи и тие имаат 100% учинок.

Селтик е Ренџерс се екипите кои во последните 32 сезони го освојуваа шкотскиот шампионат, а Абердин на почетокот од оваа сезона се закани дека ќе им стави крај на доминацијата. Последен пат на титула тие се радуваат под водство на Алекс Фергусон во 1985 година, како и во 80-та и 84-та.

21 септември 2015 - 16:08