Навивачи спречувале трансфер со киднапирање на фудбалер

Навивачите на португалскиот клуб Спортинг Лисабон покажаа како НЕ треба да се постапува ако сакате да предомислите фудбалер од вашата омилена екипа да направи трансфер во Челси.

Луда приказна од Португалија! Навивачите на Спортинг сакале да го спречат трансферот на младиот фудбалер Брума во Челси, на тој начин што се обиделе да го киднапираат.

Минатата ноќ имаше обид за киднапирање на Брума од страна на навивачите на Спортинг во хотелот каде што тој живее. Случајот го пријавивме во полиција, а ги информиравме и челниците на Спортинг", изјави агентот на Брума.

18-годишниот Арминдо Туе На Банга или на кратко Брума импресионираше со неговите настапи за репрезентацијата на Португалија на Светското првенство за фудбалери до 20 години и го привлече вниманието на повеќе екипи.

За својот сонародник најзагреан е Жозе Мурињо, а покрај Челси, понуда достави и Галатасарај, но навивачите не сакаат да дозволат нивниот најталентиран фудбалер така лесно да го напушти клубот.

Но тие не само што не успеале да го спречат трансферот, туку можеби и ја влошија ситуацијата. Брума веќе поднел барање за раскин на договорот, а во ваков случај ФИФА најверојатно ќе застане на страната на фудбалерот, па тој не само што ќе го напушти клубот, туку Спортинг нема да добие ни денар за него.

12 јули 2013 - 09:18