Најлудиот меч помеѓу Интер и Рома

И двете екипи тогаш имаа лоша сезона, но на Олимпико одиграа натпревар со 9 голови, а тие што платија карта уште го раскажуваат. Тоа беше меч на кој Зденек Земан ја покажа својата филозофија на игра.

Во ерата на скандалот Калчополи која Јуве беше исфрлен во втора лига секоја пресметка меѓу Интер и Рома беше интересна како да се игра за Скудето. Така беше и во финалето од купот каде се среќаваа од 2004 до 2008 година, кога и двете екипи по два пати го подигнуваа пехарот.

Малку порано во сезоната 1998/1999 овие два тима го одиграа еден од највозбудливите натпревари во Серија А.

Џалоросите тогаш ги водеше Земан, стратегот кој отсекогаш форсирал напаѓачки фудбал. Тоа сезонава го покажува со Каљари кој на гостувањата против Интер и Емполи постигна по 4 голови во прво полувреме, а со Наполи одигра 3:3 на гости.

На другата клупа седеше Рој Хоџсон кој беше последниот кој преживеа во Интер, откако Морати ги избрка Џиџи Симони, Мирчеа Луческу и Лучано Кастелини.

Интер сезоната ја заврши на 8-то место, а Рома со 5-та позиција фати место во тогашниот Куп на УЕФА, со само бод зад Парма која играше Лига на шампиони.

Мечот беше стресен за навивачите на двете екипи, а спектакуларен и релаксирачки за неутралните. Го судеше Пјерлуиџи Колина.

Рома – Интер 4:5
Тоти 25`, Паоло Серџо 47`, Делвекио 48`, Ди Франческо 78` – Роналдо 16` 55`, Заморано 21` 34`, Симеоне 87`

3 декември 2014 - 20:34