Наезда на глувци на Олд Трафорд

Манчестер Јунајтед во неделата загуби 2-1 против Свонси, а црниот викенд им го продолжи веста дека на нивниот стадион имало наезда од глодари кои доаѓаат од соседниот канал.

Кога врне, на Олд Трафорд не врне туку истура. Како последица на првиот пораз сезонава дојде и веста дека Театарот на соништата бил мета на глодари. Манчестер Јунајтед одново добил критики од Градскиот совет за тоа што не го решил проблемот со глувците. Санитарните инспектори виделе наезда на глувци околу кујната во Ред Кафе кафулето на самиот стадион.
 
На Црвените Ѓаволи не им е прв пат да паднат на овој испит за пестициди кај инспекторите. Во минатото инспекторите откриле присуство на глодари на Северната и на Јужната трибина. Манчестер Ивнинг Њувс пишува дека порано се случувало глувчиња да се видат и долу на теренот, а клубот не превзема никакво мерки да го спречи тоа.
„И натаму не наоѓате соодветни решенија да ги заштитите местата за исхрана од пестициди и глодари. Бараме состанок за да разговараме за овој проблем. Мора да се изнајдат мерки да се спречи наездата“, стои во соопштението од Градскиот совет.
Инаку вратите на Ред Кафе кафулето на стадионот имаат големи дупки на долниот дел, а две врати се целосно оштетени и глодарите од таму влегуваат во кујната. Тие мора да се заменат или да бидат средени. Во 2010. година на мечот Ман. Јунајтед - Вест Хем камерите забележаа глувче како трча на теренот. Во 2006-та од тимот на Бартон Албион се жалеа на наезда на глувци за време на мечот од ФА Купот на Олд Трафорд.
„Кога и да погледнев доле, здогледував глушец. Имаше многу глувци“, изјави фудбалерот Рајан Остин после мечот.
Манчестер Јунајтед треба да го реши овој проблем или и натаму ќе остане со оценка 4 од можни 5 и на тој начин ќе биде единствен клуб во Премиер лигата заедно со Ватфорд кои има оцена 4, пишува Индепендент.
 
1 септември 2015 - 10:50